Со 62 гласа Собранието ја избра владата на Димитар Ковачевски

Влада на Димитар Ковачевски
Избор на владата на Димитар Ковачевски/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Собранието ја избра новата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски. „За“ гласаа 62 пратеници, против новата влада се изјаснија 46 пратеници. Вкупно гласале 108 пратеници.

Со 62 гласа „за“ избрана владата на премиерот Димитар Ковачевски/Фото: Скриншот

Ковачевски на крајот од расправата за избор на новата влада им се заблагодари на пратениците за поддршката, но и за критиките и рече дека верува оти опозицијата  ќе биде конструктивна во интерес на граѓаните.

Опозицијата гласаше против владата на Ковачевски/Фото: Скриншот

-Легитимитетот на владата е неспорен и оддржлив во следните 2,5 години. Избори ќе има но во 2024 година, Ќе работиме посветено за добробит на граѓаните. Со работа започнуваме веднаш. Утре на седница на влада ќе донесеме решенија за енергетската криза. Во вторник ќе бидам домаќин на бугарскиот премиер Петков со кого сакаме да воспсотавиме соработка за зачувување на македонскиот идентитет и посебност. Секој министер во својот ресор има јасен план за својата програма со рокови. Најавив и нудам партиципативност. Нашите граѓани се обединети во барањата за подобар живот и да престанат политичките етничките и сите други поделби и заедно да работиме на сите битни прашања. Сега повеќе од било кога треба да соработуваме во интерес на граѓаните. На граѓаните им поскувам мир, здравје и спокојство во семејствата и верувам дека доаѓа ново време, доаѓа подобро време, рече Ковачевски.

Влада на Димитар Ковачевски
Владата на премиерот Димитар Ковачевски/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Новата Влада на Димитар Ковачевски брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Нов вицепремиер за европски прашања е Бојан Маричиќ, Славјанка Петровска ќе раководи со Министерството за одбрана, Никола Тупанчевски е министер за правда, Славица Грковска вицепремиерка проти корупција, Оливер Спасовски останува во МВР, Љупчо Николовски е во ресорот земјоделие,  Фатмир Битиќи останува вицепремиер за економски прашања, Јована Тренчевска министерка за труд и социјала, Благој  Бочварски во транспорт и врски, Бисера Костадиновска е новата министерка за култура и Горан Милевски од ЛДП во локална самоуправа.

Свечена заклетва на новите министри во владата на Ковачевски
Свечена заклетва на новите министри во владата на Ковачевски/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ДУИ ги задржува ресорите освен рокадата на Јетон Шаќири од ресорот информатичко општество во ресорот образование. Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи во ресорот надворешни работи, Крешник Бектеши економија, Насер Нуредини во животна средина.

Алтернатива ќе раководи со ресорот здравство каде нов министер е Беким Сали, Адмирим Алити ќе биде прв човек на МИОА, а Џемаил Чупи министер без ресор задолжен за дијаспората.

Утре во 9 часот во Владата е закажано примопредавањето на функцијата премиер од Зоран Заев на Димитар Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот