Со 250.000 шрафови го отсликал Ататурк, Албанeц влезе во Гинис (ВИДЕО)

Принтскрин

Уметникот на мозаици, Саимир Страти го постави 11-тиот рекорд во Гинисовата книга на рекорди. На петнаесет метри квадрат покриени со 250.000 шрафови со различни бои и димензии, Страти успеа да го реализира портретот на Ататурк за 37 дена. Портретот на таткото на модерната турска држава, Мустафа Кемал Ататурк, стои на отворената изложба во историската црква во грчкиот град Бор.

– Делото е насловено како Визионер, затоа што материјалот со кој е направен е многу сјаен а и луѓето така го нарекуваат Ататурк затоа што тој е татко на модерна Турција. Шрафовите се модерен материјал и сјајот што го има делото одговара на фигурата на Ататурк – вели Саимир Страти.

Делото на албанскиот уметник од страна на Турците се вреднува како најдобрата посвета за Ататурк.

– И во чест на таа гигантска работа што ја направив покрај тоа што сум сертифициран од Лондон, ми беше даден и златен клуч од градот што беше многу возбудливо – изјавил уметникот, како што пренесува Топ Чанел.

Албанецот од Гинисовата книга, првиот рекорд го постигна со портретот на Леонардо да Винчи, кој го работеше со шајки. Додека пак, седум од единаесетте негови дела кои се дел од Гинисовата книга на рекорди се наоѓаат во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот