Со 198 гласа „за“ и 138 „против“: Шпанскиот Сенат го усвои законот за еутаназија

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Шпанските пратеници со огромно мнозинство на гласови денеска ја легализираа еутаназијата во земјата и покрај силното противење на Католичката црква и десетина партии.

Владиниот предлог-закон за еутаназија, што ќе може да се применува под строго контролирани услови, е донесен со 198 гласа „за“, 138 „против“ и два „воздржани“.

Законот за еутаназија догодина ќе мора да мине и во Сенатот.

Предлог-законот наведува дека лице кое страда сериозна и неизлечива болест има право да побара помош при починување, под услов да изгегне неподносливо страдање.

Барањето мора да биде поднесено во писмен облик и повторено по 15 дена. Притоа мора да биде одобрено од двајца лекари по што документот ќе биде проследен пред надлежна комисија.

На здравствените работници кои не сакаат да учествуваат во постапката, ќе им се признае право на приговор на совест. Трошоците за процедурата ќе паднат на товар на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот