Снуп Дог се отвори за неговиот однос со Принц Вилијам, Принц Хари и Меган Маркл

снуп дог принг хари
Фото: Принтскрин / Instagram

Снуп Дог, кој важи за позната личност која отворено раскажува за својот живот и личностите кои се негови добри пријатели, откри дека е многу добар пријател со Принцот Хари и Принцот Вилијам.

Во 2010 година се разви пријателство меѓу американската ѕвезда и кралскиот подмладок, кога Принцот Хари го покани Снуп Дог да настапува на „момачката“ забава која тој ја приредуваше за неговиот брат Принцот Вилијам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A Nous Bamako (@anousbamako)

Иако раперот не беше во можност да присуствува, сепак возврати со посветена песна „Wet“ за чиј спот си искреира своја кралска забава.

„Хари и Вилијам се мои момчиња. Штом дознав дека се фанови, веднаш ги контактирав, и од тогаш сме кул“, изјави Снуп Дог.

„Јас се грижам за нив, и тие може да ме контактираат кога сакаат – тие го знаат тоа“, додаде Снуп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A Nous Bamako (@anousbamako)

Снуп Дог се искажа дека ги почитува Принцот Хари и Меган Маркл што се одлучиле да го водат сопствениот живот под сопствени правила. Тој отворено кажа дека ја почитува двојката иако „целиот свет ги суди“, особено бидејќи тоа сигурно не е лесно. Како гест многу му се допаднало што Принцот Хари го елиминираше Доналд Трамп од листата на гости, кој беше актуелен претседател на САД во периодот на неговата венчавка со Меган Маркл во 2018 година.

Американскиот хип-хип изведувач, кој меѓу другото живее близу до Војводата и Војвотката од Сасекс во Лос Анџелес, вели дека се толку блиски што ги поканил на вечера за Денот на Благодарноста. Раперот, кој неодамна изјави дека научил да готви од Гордон Рамзи, вели дека „ги очекува нешто специјално“.

Познато е дека листата на пријатели на Снуп Дог содржи многу познати имиња, меѓу кои и Марта Стујард.

Но Снуп раскажа и за Дејвид Бекам дека е „негово момче“, и едвај чека повторно да му готви.

„Дејвид е мое момче. Ние сме пријатели веќе 15 години. Тој обожава хип-хоп, јас сакам фудбал. Секако дека отсекогаш би било пријателство кое функционира.“

Раперот издаде дека првиот пат кога готвел за Бекам менито содржело пилешко и вафли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот