Сноуден пребарувал за вонземјаните по сите мрежи на ЦИА, еве што открил - Слободен печат

Сноуден пребарувал за вонземјаните по сите мрежи на ЦИА, еве што открил

Едвард Сноуден, поранешен вработен во Централната разузнавачка агенција и Националната агенција за безбедност, во јавноста познат откако го откри сандалот за американското шпионирање на своите граѓани, ги истражил длабочините на американското разузнавање и тврди дека теориите на заговор – не се точни.

Сноуден, кој сега живее во Русија, имал пристап до некои од најзаштитените национални тајни, па се обидел да најде одговори на некои од прашањата што го мачат нашето општество. Се испоставило дека американската влада (сепак) не е свесна за постоењето на каква било форма на интелигентен, вонземски живот.

-Колку што можам да кажам, вонземјаните никогаш не контактирале со Земјата или барем не со американското разузнавање- пишува Сноуден во своите мемоари, „Permanent Record“.

Прочитајте и...  Косово: Курти и Мустафа денес повторно ќе се обидат да се договорат за формирање на влада

Сноуден, исто така проверувал дали Американците навистина слетале на Месечината.

– Во случај тоа да сте се прашувавте – да, човекот навистина слета на Месечината. Климатските промени се реални. Камтрејл (Теоријата на заговор за трагите на авионите) не ја навел Сноуден, објави „Си-ен-ен“.

Тој повторно реагирал на теориите на заговор по една епизода од „Искуството Џо Роган“ која се емитуваше во средата, истакнувајќи дека нема докази за постоењето на вонземјаните или било што друго наведено во епизодата.

– Имав пристап до мрежите на НСА, ЦИА, војската, сите овие групи. Не можев да најдам ништо. Ако е тоа скриено, а може да се скрие, тогаш навистина е проклето добро скриено, дури и од луѓето внатре – наведува Сноуден.

Прочитајте и...  Курсна листа: Еврото денеска со вредност од 61.64 денари

Сноуден има одговор и зошто луѓето се опседнати со вакви и слични теории на заговор.

– Секој сакаат да веруваат во нив, затоа што тоа ќе помогне животот да добие смисла. Ни помага да веруваме дека некој има контрола, дека некој носи одлуки – заклучува тој.

СНОУДЕН ОТКРИ КАКО НЀ ШПИОНИРААТ: „Секогаш кога ви е вклучен телефонот, знаат каде се наоѓате“

Прочитај повеќе

Вучиќ свикал итен состанок со министрите

Слободен Печат

Републиканците под притисок: Советник има докази против Трамп?

Слободен Печат

Ахмети: Бараме владеење на правото преку ветингот

Слободен печат

„ЖЕТОН ЗА КУЛТУРА“: Бесплатен билет за музеј или претстава доколку не користите автомобил во Виена

Слободен печат

Туристи од Тајван во Шибеник носеле натпис „Не сме од Кина“ (ФОТО)

Слободен Печат

Наскоро на Фејсбук страната на 1ТВ ќе бидат откриени лицата кои стојат зад тивката ликвидација на Боки 13

Слободен печат

Остави Коментар

14 + five =

Прочитај повеќе

Објавено името на амбасадорот на Велика Британија во ЕУ по Брегзит

Слободен Печат

Странски дипломати ја осудија прекумерната сила на ирачките безбедносни сили врз демонстрантите

Слободен печат

Нова виза по Брегзит: Брз влез во Велика Британија за научници, математичари и истражувачи

Слободен Печат

Макрон: Антисемтизмот неподносливо се враќа

Слободен Печат

Манчевски: Нема системски притисок врз вработените во администрацијата

Слободен печат

Пожар „проголта“ 37 бродови во Алабама, осум лица загинаа (ВИДЕО)

Слободен печат