СНОУДЕН ОТКРИ КАКО НЀ ШПИОНИРААТ: „Секогаш кога ви е вклучен телефонот, знаат каде се наоѓате“

Фото: Принтскрин/Јутјуб PowerfulJRE

Едвард Сноуден, поранешен вработен во американската ЦИА, соработник на НСА и свиркач кој во 2013 година доби азил во Русија откако ја разоткри тајната американска програма за масовно прислушкување, гостуваше на мегапопуларната интернет-емисија на водителот Џо Роган.

Сноуден во неговото гостување кај Џо Роган преку Скајп кое траеше речиси три часа, опиша точно како паметните телефони кои ги користиме не шпионираат и што можеме да направиме за да го избегнеме тоа.

– Голема работа која се промени од 2013 година е тоа што сега мобилните се на прво место – рече Сноуден во интервјуто, објаснувајќи како прислушкувањето денес главно се води преку мобилните телефони, бидејќи луѓето ги користат почесто од компјутерите.

– Имате мобилен некаде во соба. Мобилниот е исклучен – барем екранот му е исклучен. Ако некој ви испрати порака – екранот се вклучува. Како се случува тоа? – реторички се запраша Сноуден.

Сноуден вели дека секогаш кога вашиот мобилен телефон е вклучен, постои запис за вашата приустност на тоа место.

– Секој паметен телефон, секој мобилен воопшто цело време е поврзан со најблискиот предавател. Дури и кога екранот е исклучен и мислите дека не работи ништо, не можете да забележите дека работи поради тоа што радиофрекфенциите се невидливи, но тие емитуваат сигнали кои велат „тука сум, тука сум“. Движењето на вашиот телефон се вашите движења како особа и често е единствени и може да ве идентификуваат преку нив – објасни Сноуден.

Поранешниот вработен во ЦИА посочи дека секогаш кога го носите паметниот телефон, а тој е вклучен, постои запис за присутноста на местото кое сте биле.

– Овие податоци компаниите не мораат да ги чуваат вечно, всушност нема добра причина да ги чуваат вечно, но компаниите ги гледаат како вредни информации. Без разлика дали сте направиле нешто погрешно или сте најобична особа на светот. Така фунционира масовниот надзор над луѓето – констатира тој.

Едвард Сноуден додава дека така се создава „основна колелција“, што е еуфемизам на владите за масовниот надзор.

– Тие едноставно однапред ги собираат податоците со надеж дека еден ден тие ќе бидат корисни – додаде свиркачот, јавувајќи се со видеолинк од непозната локација во Русија.

Најчесто доволно е да го исклучите мобилниот

– Тука зборуваме само за тоа како се прикучувате на мобилната мрежа. Не ги земаме во сите оние апликации кои контактираат со вашата мрежа почесто од вас. Мораме да го идентификуваме проблемот. А проблемот со користење на паметните телефони денес е тоа што немате поима што тие работат во било кој момент – смета Сноуден.

Посебен пробем со денешните паметни телефони е тоа што не може да им се извади батеријата, како на старите „глупави“ телефони, со што се осигура фактот дека потајно не се искучени. Но за обичните луѓе е доволно и едноставно да го исклучат телефонот, утврди Сноуден.

Сноуден исто така изнесе откритие кое ќе ги разочара луѓето кои сакаат теории на заговор и ловци на Неидентификувани летечки објекти, кои веруваат дека американската влада крие контакти со воземјани. Во тајните архиви на ЦИА и НСА тој не нашол ништо за вонземјаните.

– Службено, колку што знам, а имав пристап до архивите на ЦИА и НСА, вонземјани никогаш не се обиделе да ја контактираат земјата или барем не ги контактирале американските разузнавачки служби – вели Сноуден.

Тој зборуваше и за некои други теории на заговор кои во изминатиот период се шират на интернет.

– Да, човекот навистина слетал на Месечината. Климатските промени се вистински. Авионите не испуштаат хемиски отрови за да ја затрујат планетата – кажа Сноуден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот