Сноуден негира: Не се согласив да и дадам пет милиони долари на американската влада

Фото: Принтскрин/Јутјуб PowerfulJRE

Едвард Сноуден, поранешен член на Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА), негираше дека се согласил на американската влада да и даде пет милиони долари што ги заработил од продажбата на неговата автобиографија и говори ширум светот.

Тој на својот профил на Твитер напиша дека Си-Ен-Ен погрешно ја интерпретирал информацијата и оти подобар наслов на текстот би бил „САД би можеле да заработат до пет милиони долари со помилување на Сноуден”.

– Под А, тоа не е договор, јас не се согласив со тоа. Под Б, пресудата во овој случај на цензура не може да се спроведе додека сум во егзил, но ионака никогаш не сум имал толку пари, напиша Сноуден.

Си-Ен-Ен вчера јави дека, според договорот меѓу Сноуден и администрацијата на Трамп, парите ќе бидат депонирани во посебен фонд.

Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Минатата година Сноуден ја објави книгата „Трајно досие” (Permanent Record) и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и НСА.

Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската Влада создала систем за масовно следење.

Сноуден, кој моментално живее во Русија, заработи 4,2 милиони долари од продажбата на книгата и авторските права.

Неговите говори, кои досега се повеќе од педесет, чинат во просек околу 18.000 американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот