Сноуден: Ќе се вратам во САД ако добијам праведно судење

Фото: ЕPA- EFE

Враќањето во САД е моја крајна цел, но сакам праведно судење – изјавил разузнавачот Едвард Сноуден во разговор кој денеска е објавен, воочи неговите мемоари кои излегуваат утре на 17. септември.

– Сакам да се вратам во САД, тоа ми е крајна цел, но не сакам остатокот од мојот живот да го поминам во затвор – рекол тој за споменатиот медиум.

– Мое единствено барање за да се вратам е тоа да добијам праведно судење. Не барам привилегии – продолжил Сонуден., обвинувајќи ги американскит власти дека предвидуваат „судење од друг вид со специјални процедури“.

– Не сакаат судијата да ги разгледа мотивите кои ме поттикнаа да го направам тоа. Тие само сакаат да заклучат дали моето дејствување били легално или не, а не дали било праведно или лошо – рекол Сноуден.

– Не е тешко да се најдат аргументи за мое кршење на законот – признал Сноуден, кој смета дека „тоа е помалку интересно.

Сноуден побарал азил во дваесетина земји, меѓу кои и Германија и Франција, кои го одбиле од различни причини.

Неговите мемоари утре ќе бидат објавени истовремено во дваесетина земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот