Снопче: Случувањата во Собранието се театар за покривање на последиците од одложувањето на Законот за попис

Халил Снопче

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, во емисијата Патот кон …“ на телевизија Алсат ги коментираше  последните случувања во Собранието, поточно појавувањето пратеници со скафандери и рече дека станувало збор за театар во режија на спикерот на Собранието, за да го дефокусира вниманието од одложување на законот за попис на населението.

„Она што се случи беше театар, спектакл за дефокусирање од реалноста и од жешките теми на актуелната реалност. Кога велам дефокус, секогаш мислам дека тоа го стори спикерот г. Џафери кој сакаше да го покрие тој срам што се случи со одложувањето на Законот за попис. Значи, знаеме како спикерот јавно во емисија уверуваше дека пописот не може да се одложи, давајќи аргументи, тоа го велеа и други експоненти на ДУИ, како што е вицепремиерот Груби. Од друга страна, ДУИ излезе следниот ден со изјава дека одложувањето е правилно и правично за Албанците. Значи, тие мораа да ја лижат таа своја плунка што ја кажаа однапред. И сега требаше спектакл, театар од ваков вид за да се маскира, така што населението да не зборува за жешката тема, како што е одложување на пописот, туку да зборува за  донесувањето закон на спектакуларен начин, тоа беше трендот и тоа беше целта“, изјави Снопче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот