Снопче: Синоќа не пропадна новото мнозинство, а уште помалку опозицијата

Собрание
Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче во седиштето на гостиварскиот огранок одржа прес-конференција на која се осврна на актуелните случувања во Парламентот и даде оценка дека актуелната власт влегла во уште еден скандал.

– Секоја држава има своја мафија, додека синоќа се докажа дека во Северна Македонија мафијата има држава. Влада со 59 пратеници се однесува арогантно кон граѓаните, а спасот го бара преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници, рече Халил Снопче.

Тој, раководењето на актуелната власт го нарече хибриден режим кој во име на европските вредности, работи спротивно и се карактеризира со постапки и скандали спротивни на тие вредности.

Снопче се осврна и на состојбата по прекинатата седница на Собранието коментирајќи дека опозицијата продолжува со нејзиното делување.

– Синоќа не пропадна новото мнозинство, а уште помалку опозицијата. Синоќа беше аларм за сите граѓани и меѓународната заедница. Синоќа се потврдија сите оценки на меѓународните организации за Северна Македонија и се потврдија сите наши предупредувања. Кога избран претставник на народот не може да оди на работа, тогаш што може да биде со обичниот граѓанин. Синоќа Алијансата за Албанците не пропадна, туку само се потврди дека е на страната на десницата, на страната на народот кој бара промени и се борат за промена. Оваа борба продолжува, уште посилна, уште почиста, уште порешително и веднаш, изјави Халил Снопче, пратеник на АА.

Извор: МИА

Видео на денот