СНИМКИ ОД ДРОН: Кејот на Вардар ова врнежливо утро

Кејот на Вардар/ Фото: Слободен печат

Ова врнежливо утро во Скопје на кејот на реката Вардар ги немаше рекреативците и велоспедистите кои редовно вежбаат и се движат по уредениот кеј.

Кејот на Вардар, кој пак е со релативно низок водостој овој период, е едно од омилените места на скопјани за одмор, рекреација и разонода.

За кејот на Вардар, неговото зеленило, чистење и уредување се грижат јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ како и „Улици и патишта“ и тоа на целиот потег од реката Лепенец до Аеродром.

Обновата на патеките, зеленилото и замената на осветлувањето Град Скопје ја реализира во соработка со УНДП кои пак помагаат да се постави урбана опрема како што се корпи за отпадоци.

Меѓу посериозните зафати е и чистењето на камените коцки од шеталиштетот на кејот и од нив се вади тревата и насобраниот мил.

Обоен со есенските бои, кејот на Вардар во главниот град во ведрите денови е уште поубав. Погледнете ги снимките со дрон снимени ова врнежливо утро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот