Снимки од дополнителните контроли на аеродромите низ Кина поради коронавирусот

Досега забележани се над 250 случаи на заразени со коронавирусот, а шестмина умреа.

Поради се поголемиот број заразени со новиот коронавирус на аеродромите ширум светот воведени се дополнителни контроли за да се пронајдат евентуалните заразени. Патниците кои патуваат кон или од кинескиот град Вухан, кој се смета за центар на епидемијата поминуваат низ детални контроли.

Очевидци велат дека на прегледите кои се спроведуваат во авионите се брзи и оти не траат повеќе од 10 минути.

 

 

Досега забележани се над 250 случаи на заразени со коронавирусот, а шестмина умреа.

Вирусот се пренесува од човек на човек, но научниците велат дека ќе бидат потребни две недели за да се открие како точно се пренесува. Предпредуваат дека медицинските лица имаат најголем ризик да се заболат, бидејќи досега заразени 15-тина, што е висока бројка во однос на вкупниот број случаи.

Сцените од аеродромите не се единствените филмски примери овие денови.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот