Снимки кои го шокираа светот: Русија отвора истрага за силувањата и тортурата врз затвореници во затворите

unsplash
Затвор / Фото: Архива

Откако на групата за заштита на човековите права Гулагу.нет се појавија вознемирувачки снимки од силувања на затвореници, како и брутална тортура и изживување врз нив, руските власти соопштија дека ги истражуваат обвинувањата за силување и мачење во нивниот затворски систем.

На снимките се гледа како затвореник е силуван со дршка од метла во затворската болница во градот Саратов, потоа како затвореник силува друг, но и како група затвореници уринираат врз трет маж.

Според Гулагу.нет станува збор за најмалку 40 затвореници кои се напаствувани, но голема е веројатноста дека бројот на жртвите е околу 200.

Скандалот изби на површина откако се протече снимка од архивата на рускиот Федерален затворски систем (ФСИН) која ја изнел анонимен Белорусин кој имал задача да ги архивира снимките додека бил во затворот.

Белорусинот сега е слободен и безбедно скриен на Запад и овој програмер снимките ги испратил го Гулагу.нет кои ги објавија и ја алармираат јавноста за психопатската шема која се спроведувала во руските затвори.

Станува збор за затворите во шест руски региони – Саратов, Владимир, Иркутск, Белогород, Трансбајкал и Камчатка каде биле организирани силувања и мачења на затворениците, а снимките сега се испратени и во САД и во Советот на Европа.

Храбриот белоруски програмер веќе го нарекоа „белоруски Сноуден“ како американскиот свиркач Едвард Сноуден кој го алармираше светот за прислушкувањето од страна на американската служба НСА.

Поради скандалот оставка си поднесе полковникот Алексеј Федотов, шеф на затворот на ФСИН во Саратов, а обвинителството отвори истрага. Наводно ФСИН отпуштил и тројца вработени во затворот и главниот лекар во Саратов.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, рече дека ако се потврди автентичноста на снимките, тоа ќе биде причина за сериозна истрага.

„Но прво брзо но смирено да го разгледаме ова и да утврдиме дали снимките се автентични“, рече Песков.

Во неговата изјава не верува Владимир Овечкин од Гулагу.нет кој изјави дека руските власти се типично лицемерни и можат да се дистанцираат од овој појас на мачење кој го создале ФСИН и генералите на ФСБ.

„Снимките потврдуваат дека руските затворски власти и тајни служби користат силување и други облици на мачење за да ги натераат на соработка затворениците и за потпишување на лажни признанија зошто ги уценуваат со снимките“, изјави Овечкин чиј сајт е блокиран во Русија, наводно на барање на руските власти.

Сајтот најави дека ќе објави уште од вознемирувачките снимки кои ги добиле без разлика што се забранети.

 

Видео на денот