Снимката од шпионската афера била пуштена од САД после повеќе од 50 обиди?

Фото: Принтскрин

Снимката на која се гледа рускиот разузнавач Георгиј Клебан како подмитува српски агент, најверојатно ја пуштила американската служба.

Како што наведува Блиц.рс, имало преку 50 обиди снимката да излезе во јавноста, но руската служба секој ден до денес успешно го запрела тоа.

„Секој од сајтовите кои ја објавиле снимката бил соборен во рекорден рок“, навел изворот на Блиц.рс.

На видео снимката која е поставена на Јутјуб се гледа средбата на два мажи на паркинг во Земун.

Еден од нив има заматено лице за да би му се заштитил идентитетот и за него се тврди дека е српски функционер, а другиот кој му ги дава парите е Георгиј Клебан, потполковник на руската војска, кој бил на позиција на помошник на претставникот за одбрана на руската амбасада во Белград, но од таа позиција бил одјавен во јуни годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот