Снимка покажува како полицијата во Белорусија постапува со притворените (ВИДЕО)

epa08691877 Belarusian policemen detain a participant during a rally to protest against the inauguration of Alexander Lukashenko and against presidential election results in Minsk, Belarus, 23 September 2020. Lukashenko was inaugurated as President of Belarus, state media reported earlier in the day. The move comes after weeks of protests following an election that the opposition says was allegedly rigged. EPA-EFE/STR

Затворите на Лукашенко постојано се полнат со притвореници кои полицијата ги апси на секојдневните демонстрации кои започнаа на 9 август, на денот на изборите во Белорусија кога актуелниот претседател доби нов мандат на чело на државата со која раководи цели 26 години по ред.

Нова видео снимка покажува како полицајците ги тепаат уапсените демонстранти во кругот на затворот, глетка која и претходно беше видена со оглед на тоа што и самите притвореници, откако по неколку акти на добра волја на властите се најдоа на слобода, па ги покажаа трагите на насилство на своите тела и сведочеа како во притвор биле жртви на жестоко психичко и физичко малтеретирање.

Вчера и самиот белоруски претседател Лукашенко отиде во ненајавена посета на затворот каде се сместени неговите политички неистомисленици и на иста маса разговараа како да започне дијалог и да се намалат тензиите во земјата. Од друга страна, неговата сега главна, политичка противничка Светлана Тихановскаја која е во егзил во Литванија, по овој повод порача дека „нема дијалог во затворска ќелија“.

Лукашенко вчера се состана со 11 уапсени претставници на опозицијата меѓу кои беше и претседателскиот кандидат Виктор Бабарико, за да разговараат за уставните реформи.

-Уставот не може да се пишува на улиците – рече Лукашенко напоменувајќи декa земјата живее под мотото „дијалог сега!“

Лукашенко изјави дека во истражниот затвор со претставниците на опозицијата разговарал 4 ипол часа, а на фотографиите и снимките се гледа како сите седат на иста маса, а БиБиСи забележува дека затворениците се бледи и нималку весели.

Новинската агенција Белта пренесе дека целта на белорускиот претседател е да го сослуша секое мислење, како и дека учесниците заедно одлучиле деталите за разговорите да ги држат во тајност.

Нови протести во Минск: Полицијата удри по демонстрантите и новинарите (ФОТО+ВИДЕО)

Меѓу соговорниците биле и поранешниот директор на Белгазпромбанката Виктор Бабарико и неговиот син Едуард, членката на президиумот на опозицискиот Координационен совет Лила Виласова и координаторот на опозициските штабови, бизнисменот Јурис Воскресенски, политичкиот спин-доктор Виталиј Шкљаров и други.

Адвокатот на Шкњаров, Антон Гашински за Гласот на Москва изјави дека целата организација на овој состанок била во голема тајност и дека притворениците биле изнесени од своите ќелии и донесени во иста просторија без да знаат дека таму ги чека лично Лукашенко. Биле многу изненадени.

Посетата на Лукашенко се толкува како почеток на дијалогот со опозицијата. Но тоа беше зад затворени врати, а надвор на улиците на Минск и денеска протести и судири на демонстрантите со полицијата. Против масата народ, полицијата употреби водени топови за да ги расчисти протестите.

Со водени топови и шок бомби растерани демонстрантите во Минск (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот