Снимка од Сирија која ќе ви го скрши срцето: Таткото ја научил ќерката да се смее секојпат кога ќе слушне бомба (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се прошири снимка од Сирија на која е невозможно да останете рамнодушни…

Таткото Абдула Мохамед смислил начин како да ги олесни звуците од војната за својата тригодишна ќеркичка Салви па смислил игра – да се смеат секој пат кога ќе се слушне звукот од бомбите.

Секој пат кога надвор се слуша експлозија, тригодишното девојче започнува да се смее заедно со таткото. Снимката се појави на Твитер, откако ја пренесоа бројни медиуми, а досега е прегледана десетици илјади пати. Таткото и ќерката живеат во Идлибу.

„Децата тука страдаат од психолошки проблеми и доживуваат нервни сломови поради бомбардирањето. Таа е дете кое не ја разбира војната и не би требала ни да ја разбира“, изјави таткото за Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот