Снимка од падот на белгискиот Ф-16 во Франција: Како пилотот заврши на далновод (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Француската екипа за спасување успеа да му го спаси животот на пилотот на белгискиот Ф-16 кој падна на далновод утринава, откако се катапултираше од авионот кој се сруши во Бретањ, Франција, објави „Курир.рс“.

Ловецот ја напуштил воздушната база Флоренс во Белгија и за упатил кон француската воздухопловна база Лориен. Еден од пилотите бил спасен, а другиот – кој паднал врз далноводот бил извлечен од спасувачките екипи. На подрачјето каде се урна авионот, никој не е повреден.

Француските власти соопштија дека никој не е повреден, но авинот паднал на 160 метри од една куќа, која е евакуирана поради тоа што падот и го оштетил кровот. Според изјавите на сведоците, паднале и неколку стебла. Познато е и дека авионот не носел оружје.

Техничарите од компанијата која ги одржува далноводите им помогнале на екипите за спасување во отплеткувањето на вториот пилот кој висеше на жици кои се под напон од 250.000 волти. Спасувањето траело два часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот