СНИМКА ОД ГРАБЕЖ ВО СПЛИТ: Златарницата била ограбена за две минути, а украден бил накит од 130.000 евра (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Хрватските медиуми во Сплит објавија снимки од камерите во златарница која беше мета на крадци, а на видеото може да се забележи дека грабежот траел две минути.

Снимката ги покажува разбојниците, кои го спакувале накитот во торби, пренесува Индекс.хр.

Полицијата потврди дека е украдена голема количина накит, дека е спроведен увид и дека се трага по сторителите.

Сопственикот на познатата златарница изјавил дека вредноста на украдениот накит е околу 130.000 евра.

Тој нагласил дека крадците го знаеле кодот за безбедносната врата и откако ја отвориле го искршиле стаклениот излог, по што слободно влегле и го извадиле златото од витрините, а ја зеле и касата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот