Снимањето на филмот „Соучесници“ се реализира како копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија

Филмски сет на снимањето на „Соучесници“

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ. Главните улоги ги толкуваат Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ.

Една од улогите во овој филм ја толкува македонската актерка Сара Климоска.

Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот. Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија.

Главен продуцент е српската продуцентска куќа „Зилион филм“ на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа „Интерфилм“ од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку „Партизанс“.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, известија од филмската продукција „Партизанс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот