Снежната бура во САД направи хаос, стотици илјади луѓе останаа без струја

Снежна бура САД Њујорк
Во Њујорк има дваесетина сантиметри снег, а низ улиците дува невообичаено силен ветер / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Неповолните временски услови кои вчера ги погодија централните делови на Соединетите Американски Држави, стигнаа и до сојузните држави на североистокот на земјата.

Во околу 20 сојузни држави, каде живеат повеќе од 85 милиони луѓе, беше издадено предупредување поради снег и леден дожд.

Снежните врнежи ги погодија и Њујорк и Бостон, а властите ги повикаа жителите да бидат претпазливи особено поради температурите на воздухот што може да се спуштат под нулата.

Три лица досега загинаа во несреќи предизвикани од неповолните временски услови.

PowerOutage објави дека околу 300.000 луѓе во Охајо, Западна Вирџинија, Пенсилванија, Тексас и Тенеси останале без електрична енергија.

Податоците на FlightAware покажуваат дека денеска се откажани повеќе од 2.600 домашни и меѓународни летови, во однос на 6.400 во последните два дена.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот