Снежна покривка на Кораб (ФОТО)

Фото: МИА

 Планината Кораб, со највисокиот врв во нашата држава, Голем Кораб, со висина од 2764 метри надморска височина, утрово ја обеле првиот снег.

Снегот пристигна по дводневните интензивни врнежи од дожд, проследен со ветер а во текот на ноќта и урово и со ниски температури, кои беа присутни во овој најзападен дел на Северна Македонија.

Поради врнежите на патните правци Дебар-Маврово и Дебар-Струга има појава на помал одрони од камен и земја, за што се препорачува внимателно возење.

-Има помали одрони на камен и земја, нашите екипи кои се постојано на терен веднаш ги отстрануваат. Дополнително и поради влажните коловози се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачуваат од дебарската секција на „Македонија пат”.

Посебна внимателност се препорачува на делницата Дебар-Жировница по клисурата на реката Радика, на патот кон Маврово, каде вообичаено одроните се најчести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот