Снежана Василевска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со неодолив чоколаден колач

СОСТОЈКИ:

  • 1 пакување розен кори за колачи
  • 2 чоколади за готвење
  • 1 млечно чоколадо,
  • 1/2 коцка путер (125 грама)
  • *1 литар млеко – јас направив домашно од лешници
  • 3 пудинзи од чоколадо
  • 3 лажици густин
  • 2 лажици какао
  • 7 лажици шеќер за пудингот,
  • 100 грама шеќер во прав за со путерот,

За глазура:

  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица путер
  • 50 грама темно чоколадо

ПОДТОТОВКА:

Со вари густ крем од млекото, пудинзите, густинот, какаото и шеќерот.

Се трга од оган и се додаваат 150 грама темно и 100 грама млечно чоколадо,  да се растопат.

Откако ќе се излади, во кремот се додаваат путерот и шеќерот во прав и сѐ се мати со миксер.

Богато се филуваат корите. Горе се украсува со глазура.

Се остава околу 30 минути  на собна температура, а потоа во фрижидер, за колачот убаво да се стегне пред сечењето.

Послужете и уживајте!

На здравје!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот