Снегот нема да ги изненади, Град Скопје располага со 4.000 тони сол

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Градот Скопје и јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона обезбедија околу 4.000 тони индустриска сол, од кои околу 1.000 тони се залиха од зимската служба 2019/2020. Обезбедени се и 350 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини.

Екипите на Град Скопје во зимски услови одржуваат коловозни површини од над 2.600.000 квадратни метри.

-ЈП „Улици и патишта“ со Оперативниот план за функционирање на зимската служба е носител на активностите за зимското одржување со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал. И оваа година  Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 18 камиони од фирмата „Аполо“, кои се опремени со навигациски уреди – велат од Град Скопје.

Во текот на зимата коловозните ленти ќе се расчистуваат според приоритетите, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот до стопанските објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот