Снегот го одложи натпреварот помеѓу Барнли и Тотенхем

Снегот им прави проблеми на премиерлигашите/ фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Натпреварот од 13 коло во Премиер лигата помеѓу Барнли и Тотенхем кој требаше да се игра денеска е одложен поради снегот кој паѓаше утринава во Англија.

Натпреварот требаше да започне во 15 часот, но и покрај напорите,  луѓето во Барнли не успеаја да го исчистат теренот и да го подготват натпреварот. Причина за тоа е снегот кој паѓа без престан од утринава.

Поради тоа делегатот на Премиер лигата процени дека нема услови да се одигра натпреварот.

Според англиските медиуми, членовите на двете екипи се фрустрирани поради одложувањето, но исто така се свесни дека тоа беше единствено решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот