Снегот го одложи натпреварот Пелистер – Ренова

Снежните временски услови не дозволуваат да се игра фудбал во Битола/Фото: facebook/ФК.Пелистер Битола

Денеска од 14.00 часот во рамките од 21 коло во Битола требаше да започне натпреварот од Првата лига помеѓу Пелистер и Ренова, но истиот е одложен.

Снежните временски услови кои го зафатија теренот на Градскиот стадион под Тумбе Кафе не дозволуваат да се играат мечот, пренесува битолскиот фудбалски клуб.

Пелистер во шампионатот е единствениот без победа, последен на 12 позиција со пет бодови, а Ренова е на петтата позиција со 30 бодови.

Од оваа рунда вчера се одигра еден меч, фудбалерите на Македонија ЃП славеа минимално против Брегалница Штип.

Во другите денешни средби силите ќе ги одмерат Борец – Струга Трим Лум, Шкендија – Академија Пандев, Скопје – Работнички и Шкупи – ГФК Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот