Снег во Лазарополе, Маврово, Дебар, Крушево и Берово

Снежна покривка од 11 санитметри има во Лазарополе, 10 сантиметри во Дебар, девет во Маврови Анови, шест Пожаране и Крушево и два сантиметра во Берово.

Снежна покривка и темпратури под нулата се регистрирани во некои делови од земјава. Во текот на ноќта имавме облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа беа пообилни. Дуваше умерен до силен ветер од северен и северозападен правец. Облачно со врнежи од снег на Лазарополе, Тополчани, Битола и Берово. Утрово дожд врне во Д. Капија и Струмица.

Снежна покривка од 11 санитметри има во Лазарополе, 10 сантиметри во Дебар, девет во Маврови Анови, шест Пожаране и Крушево и два сантиметра во Берово.

Најниската темпратура утрово од минус четири степени е измерена во Лазарополе и Крушево. Нула било во Крива Паланка, Дебар, Битола и Прилеп, еден во Охрид и Берово, два во Тетово и Претор, три во Штип, четири во Скопје, Куманово и Демир Капија.

Врнежи се регистрирани насекаде, а според мерењата на УХМР имало 25 летри на метар квадратен во Виница, 20 во Лазарополе и Штип, 18 во Демир Капија, 15 во Струмица, 14 во Крива Паланка, Тетово, Пожаране и Скопје, 13 во Ѓуриште и Дебар, 10 во Крушево, девет во Беровож и Прилеп, осум во Куманово, шест во Тополчани, три во Охрид и два во Претор и Битола,

Претпладне променливо облачно наместа со повремен дожд на планините од снег. Од пладневните часови врнежите ќе се само на југоистокот и ќе престануваат, а облачноста ќе се намалува и ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен до северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот