СНЕГ, СИЛНИ ВЕТРОВИ И ПОЖАРИ: Јужна Калифорнија зафатена од несекојдневна зимска бура!

Фото: МИА

Западниот брег на САД од вчера, Денот на благодарноста, е зафатен со невообичаено моќна зимска бура, и поради се уште активните жаришта од неодамнешните пожари, на некои места сега има снег и оган.

Големи снежни врнежи има и во јужниот дел на Калифорнија, што е невообичаено за овој дел од сојузната држава.

Автопатот север-југ поради вонредните временски услови вчера во двата правци бил затворен за сообраќај, а потоа бил отворен подоцна во текот на денот.

Некои места каде се уште има оган од неодамнешните пожари сега се покриени со снег, па има и мраз и оган на иста локација, јавија од пожарната служба на Санта Барбара.

Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекуваат големи снежни врнежи на планините пред невремето да се придвижи кон исток подоцна вечерва.

Се истакнува дека невремето би можело да донесе големи врнежи од дожд и поплави во јужна Калифорнија и Аризона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот