Снег и силен ветар ноќеска на Шапка: Се расчистува завеаниот пат низ викенд населбата

Фото: mia.mk

Силен ветaр проследен со врнежи од снег во текот на ноќта го завеа патот во викенд населбата во Попова Шапка. Сопственици на викендички велат дека се затекнати од ситуацијата и има семејстава и посетители кои сега поради состојбата не можат да излезат од своите домови и очекуваат од надлежните да го расчистат патот.

– Околу полноќ започнаа интензивни врнежи од снег, но и силен ветер. За пола час снема и струја. Патот целосно беше завеан и затрупан со снег. Од Општина Тетово, како надлежни за населбата, започнаа да расчистуваат денес околу 11 -11:30 часот. Сметам дека да дојдеа побргу, до сега ќе беше расчистено. Вака останува до вечер да се отстрани снегот од улицата, која води низ населбата,  вели Хавзи Ризвани, претседател на месната заедница и здружение на граѓани сопственици на викендички на Попова Шапка.

Според проценките на здружението, од околу 650 викендички во половината викендот имало луѓе кои престојувале во викенд населбата на Шапка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот