„Снајперот“ Барди во Топ 10 голови на Леванте! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Претходно беше објавено дека македонскиот репрезентативец Енис Барди го има најдобриот гол во изборот на „Ла Лига“ за минатата сезона и тоа пред ѕвездата на Барселона Лионел Меси.

Овојпат „Ла Лига“ ги сподели најдобрите 10 голови на Леванте кој благодарение на Барди го обезбеди опстанокот во најквалитетното шпанско првенство.

ТОП 10 ГОЛОВИ НА ЛЕВАНТЕ ЗА МИНАТАТА СЕЗОНА 2018/2019 ВО „ЛА ЛИГА“ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Во овој избор Барди не е на првото место, туку рангиран на втората позиција, што е исто така висок пласман. Вистинска мајсторија и слободниот удар на гостувањето против составот на Хетафе.

Пред него е само Хозе Луис Моралес кој и дефинитивно заслужува да биде на врвот со неговата фантастична соло акција на дуелот против Реал Бетис.

Да додадеме уште дека е и познат распоредот на натпревари за следната 2019/20, Леванте ќе стартува против Алавес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот