Снаа го прегазила свекорот со кола во Глуво

Фото: МИА

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека во скопското село Глуво, И.С.(30), движејќи се во двор од куќа со автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрила во нејзиниот свекор Б.С.(84), кој починал на местото на настанот, велат од МВР.

Како што информира МВР, од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено во Судска медицина за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот