Снаа го нападнала свекорот, повредениот 74- годишен тетовец згрижен во болница

Тетовска болница. / Фото: МИА

Тетовската полиција евидентира случај пријавен од Тетовската болница при што 74 годишник за здобиените повреди ја посочил снаата како сторител. Тој бил донесен во тетовската Клиничка болница вчера околу 23 часот и 30 минути.

-Седумдесет и четиригодишен жител на тетовско село, вчеравечер околу 23 часот и 30 минути бил пренесен во тетовската Кличничка болница за укажување на лекарска помош, откако половина час пред тоа физички бил нападнат и повреден од неговата 27-годишна снаа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тетовската полиција бележи уште една пријава за физички напад. Вчера 46 годишник пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат на  улица „107″ од Н.С.(19) и Р.Т.(22), двајцата од Тетово. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот