СМУМ: Фестивалот „Златна лира“ ќе има осум концерти

Фестивалот „Златна лира“, што го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), годинава ќе се одржи од први до 16 октомври со програма која содржи осум концерти во Музејот на македонската борба.

Фестивалот ќе биде отворен со концертот на пијано-дуото Петар Макариевски и Весна Ангелова Христов, а ќе следуваат пијано-дуото Аврамовска – Мариновски, Скопскиот дувачки квинтет, концертите на Билјана Камчева (флејта, сопран) и Ана Гацева (пијано), Даниел Апостолов (фагот) и Катерина Костадиновска (пијано), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова Христов (пијано), како и концертот на Борче Наумоски (гитара). Фестивалот ќе биде затворен со доделување на наградите „Златна лира“ на СМУМ и со настап на камерниот оркестар „Профундис“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 50, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот