Смртта на овие холивудски ѕвезди ќе остане запаметена како најбизарна (ФОТО)

Трагичните приказни не се нешто необично во Холивуд. Многу холивудски ѕвезди својот крај од животот го дочекале трагично. Но, некои од тие приказни во исто време се и бизарни.

Смртта на овие холивудски ѕвезди ќе остане запаметена како најбизарна….

1.Се фрлила од знакот на Холивуд

Кога филмската кариера на Пег Ентвистл почнала да оди по надолен пат, таа буквално починала под холивудските светла. Тоа било во 1932 година, кога нејзината улога само што била исфрлена од серијата и таа во краен очај, стигнала до препознатливиот холивудски знак.

Се качила на 15-метарската електрична греда, зад буквата Х, губејќи го едниот чевел, а потоа се фрлила од буквата. Оставила порака во која напишала: „Жал ми е што сум кукавица. Жал ми е поради сè. Да го направев ова многу порано, ќе се поштедев и себеси и другите од многу болка.“

Профимедиа

2.Умрел со џиновски вибратор во устата

Рамон Новар, всушност го убиле двајца хулигани во неговиот дом во Чикаго. Наваро ја започнал својата актерска кариера во немиот филм, а како главна машка ѕвезда често глумел романтични заводници. Во приватниот живот бил хомосексуалец и католик и сето тоа му правело многу проблеми. Поради тоа почнал да пие, а неговите убијци всушност биле двајца мажи на кои им платил да дојдат кај него за секс.

Прочитајте и...  Медицинската сестра чии фотографии го обиколија светот, сепак нема да биде казнета! (ФОТО)

Тие мислеле дека Наваро има скриено многу пари во куќата, па сакале да ги украдат. На крај го задавиле и му го ставиле големиот вибратор во устата, кој 45 години претходно му го подарил Рудолф Валентино.

Профимедиа

3. Исчезнал без трага

Џејмс Хофа не бил славна личност поради актерството или талентот за пеење, туку затоа што бил многу познат активист и член на организиран криминал.Тој во 1975 година исчезнал без трага.
Кога исчезнал, тоа не било прв пат да го снема од лицето на Земјата. Тоа го направил и во 1960 година, па во јавноста се појавил со поцврсти врски со мафијата. Откако побегнал од градот и го избегнал апсењето поради пензискиот фонд, ФБИ пробувале со години да му влезат во трага, но без успех. На крајот е прогласен за мртов, иако неговото тело никогаш не е пронајдено.

Прочитајте и...  Дали последната Штафета на младоста го навести распадот на Југославија? (ФОТО+ВИДЕО)
Профимедиа

 

4.Мртва пијана ја изело куче

Мери Превост била голема ѕвезда на немиот филм, но не успеала да направи премин во ерата на звучниот филм, бидејќи имала силен нагласок од Бронкс. Со тоа завршила нејзината кариера, а Мери се свртела кон алкохолот заедно со љубовникот на Грета Гарбо, Џек Гилберт.

Провост умрела една година по Гилберт, а нејзиното тело е пројадено до пола изедено во нејзиниот стан. Со обдукција се утврдило дека завршила во алкохолна кома, а нејзиното прегладнето куче, телото на Мери го искористило како извор на храна.

Profimedia

5.Се удавила во ВЦ-школка

Лупе Велез во 1930-тите години стекнала слава како изведувач на бурлески, но нејзината смрт сигурно е една од најбизарната смрт меѓу ѕвездите.

Пронајдена е мртва во својот дом со главата во ВЦ-школката, буквално се удавила во неа. Во својата проштална порака напишала дека е очајна откако ја напуштил таткото на нејзиното дете, а потоа зела голема доза седативи. Се претпоставува дека и се слошило, па затоа отишла во тоалетот да повраќа, но на крај изгубила свест и се удавила во ВЦ-школката.

Прочитајте и...  Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи во септември
Profimedia

6.Останал без глава за време на снимање на филмот на Спилберг

Понекогаш до бизарна смрт доаѓало и на филмскиот сет, а вистински пример за тоа е обезглавувањето на Вик Мороу. Тој глумел во филмот на Спилберг, „Зона на самракот“ и снимал сцена со хеликоптер кој летал ниско, а тој случајно му ја откинал главата. Притоа загинале уште две деца кои тој се обидувал да ги спаси. Спилберг и пилотот Дорсет Винго биле осумничени за убиство од небрежност, но на крај биле ослободени.

7. Натали Вуд паднала (или била турната) од јахта

Пред 35 години, Натали отишла на крстарење со својот сопруг Роберт Вагнер и уште двајца нивни пријатели. Натали наводно се опијанила и паднала од бродот. Случајот бил прогласен за несреќа, но со тек на годините се јавувале различни луѓе кои тврделе дека мажите на бродот имале договорена приказна и дека таа најверојатно била турната од бродот.

profimedia

 

Прочитај повеќе

Па, не ти требаат хеланки, гледаме се! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

НБА ѕвездата слуша српска музика: Погледнете за која песна станува збор! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

СВЕТ БЕЗ ЛУЃЕ: Што ќе се случува на Земјата кога човештвото ќе исчезне? (ВИДЕО)

Слободен печат.

Нема сепаре и скапо шампанско: Анастасија Ражнатовиќ го прослави роденденот скромно во домашна атмосфера! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Георгина на Кристијано влезе во базен и заборави да го облече долниот дел од бикинито? (ФОТО)

Васко Спасоски

Старлетата малку претера: За вакви бикини треба храброст и некако не е за помлади од 18 години! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Детето кое најмногу ве лути, личи на вас! Изненадени?

Васко Спасоски

Зошто треба да каснете овошје пред да одите во супермаркет?

Слободен печат

Цеца Ражнатовиќ и Јована Јоксимовиќ се изнаиграа на прославата по повод Бајрам (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Фасцинантна глетка: Наместо туристите, во цветањето на црешните уживаат елени (ВИДЕО)

Слободен печат

Им светат очите од љубов: Игор Џамбазов и Илина повеќе не се кријат! (ФОТО)

Васко Спасоски

Пијан печен компир (РЕЦЕПТ)

Слободен печат