Смртоносна болест од е-цигарите се шири низ САД

Едно лице од САД почина од тешка болест на дишните патишта предизвикана од пушење на е-цигари, јавуваат тамошните здравствени служби, пренесува хрватски Индех.

Експертите ја истражуваат мистериозната болест на белите дробови која се шири во САД, а поврзана е со конзумирање на е-цигари. Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) извести дека се појавиле потенцијални 193 случаи во 22 сојузни држави. Во повеќето случаи забележена е и конзумирање на ТХЦ, активна суспстанца од канабис.

Причината за мистериозната болест сѐ уште не е идентификувана, но секој од случаите вклучува користење е-цигари во некој облик. Симптомите на непознатата болест вклучуваат кашлање, отежнато дишење и замор, а во некои случаи повраќење и пролив.

Не е докажана присутност на некоја заразна болест од вирус или бактерија.

Само во сојузната држава Илиноисзабележани се 22 случаја, а возраста на пациентите е од 17 до 38 години. Погодени се 22 сојузни држави, повеќерто од нив во средниот и североисточниот дел на САД, но болеста се појавила и во Калифорнија, Тексас и во Ново Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот