21.8 C
Скопје

Смртоносен обид за селфи во Индија: Свадбена прослава заврши со четири загинати

Четири членови на едно семејство во Индија се удавија оваа недела во акумулациско езеро кај браната Памбар во оваа земја. Тие паднале во водата додека се обидувале да направат селфи со младенците.

Меѓу нив се наоѓа и 20-годишната невеста, која побарала да биде направена фотографијата. Со неа, загинале и нејзините роднини на возраст од 22, 20 и 14 години.

Младоженецот (25), го преживеал падот и успеал да ја спаси својата 15-годишна сестра.

Според податоците на Си-Ен-Ен, Индија ја има најголемата бројка на смртни случаи поврзани со обиди за селфи фотографии во светот.

Браната Памбар на која се случи несреќата, е популарна туристичка дестинација во сојузната индиска држава Тамил Наду.

Поврзани вести

Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој

Слободен печат

ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Слободен печат

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

Слободен печат

Израелската војска успешно тестирала противавионски ласер

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Радовиш го зафати силно невреме, откорнати се неколку дрвја

Слободен печат

Невреме во Струмица: Oткорнати дрвја и урнат електричен столб

Слободен печат

Остави Коментар