Смртната казна го стигна и преку Зум – Судот во Сингапур донесе пресуда преку популарната видео платформа

Фото: ЕРА

Во Сингапур спроведуваат нулта толеранција за трговијата со друга, а во текот на изминатите децени поради тоа на смрт се осудени стотина лица, вклучувајќи и десетина странци.

Судот во Сингапур му изрече смртна казна на маж кој е прогласен за виновен за трговија со дрога, а тоа е веќе втор случај во кој пресудата е донесена „на далечина“, преку платформата Зум, која стана популарна во текот на пандемијата со коронавирус.

Од судските документи се гледа како Пунитан Генасан, 37-годишен Малезиец, во петокот е прогласен за виновен и осуден на смртна казна со бесење зошто во 2011 година организирал продажба на хероин.

Пресудата е изречена додека во Сингапур траат строгите мерки на рестрикција за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Поради безбедност на вклучените во судскиот процес рочиштето е одржано со посредство на видеоконференција“, изјави портпаролот на сингапурскиот Врховен суд и додаде дека ова е прв случај во кој на далечина е изречена смртна казна.

Здруженијата кои се занимаваат со заштита на човековите прави го критикуваа изрекувањето на казни преку видеоповици, вклучувајќи и еден случај во Нигерија претходно овој месец, каде исто така на овој начин е изречена смртна пресуда.

Адвокатот на осудениот Малезиец Петер Фернандо изјави дека се спротивставил на изрекувањето на казната при што немало простор за изрекување на нови правни аргументи и најавил жалба.

Во Сингапур спроведуваат нулта толеранција за трговијата со друга, а во текот на изминатите децени поради тоа на смрт се осудени стотина лица, вклучувајќи и десетина странци.

Од Амнести Интернешнал посочија дека не само што земјата треба да ја укине смртната казна воопшто, туку ваквиот начин на изреквање преку Зум е крајно нехуман и суров и спротивен на меѓународното право.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот