„СМРТ НА КРАЛОТ“: Макрон станува мета на сè поголеми навреди на француските протести

Ова беше особено случај за време на „маршот на факелот” во четвртокот вечерта во Париз, за време на кој демонстрантите се повикуваа на смртта на кралот Луј Шеснаесетти, гилотиниран на 21 јануари 1793 година.

За време на протестите против пензиската реформа во петокот на 24 јануари, Претседателот на Франција беше мета на сè поголеми навреди, јавува дописникот на МИА.

„Луј Шеснаесетти, го обезглавивме. Макрон, можеме повторно да почнеме”. За време на последните демонстрации против пензиската реформа – а особено онаа од 24 јануари – се слушнаа многу експлицитни пароли од устите на одредени демонстранти. Нивната цел: Претседателот на Републиката.

Ова беше особено случај за време на „маршот на факелот” во четвртокот вечерта во Париз, за време на кој демонстрантите се повикуваа на смртта на кралот Луј Шеснаесетти, гилотиниран на 21 јануари 1793 година.

Истото беше забележано и вчера за време на демонстрацијата во Париз. Повторно, некои демонстранти користеа пароли или многу нападни слики против шефот на државата. На пример, беше поставено „ собирање на средства за гилотина” на плоштадот де ла Конкорд, место на пристигнување на поворката, и на истото место каде што беше обезглавен кралот Луј Шеснаесетти на 21 јануари 1793 година (плоштадот тогаш се викаше „Плоштад на револуцијата “). На истиот тој плоштад беше напишана паролата „Смрт на кралот, зад твоите полицајци тебе ти е страв”. Како и во последните недели, за време на демонстрациите се слушнаа и повеќе „класични” пароли, како што се повиците за оставка на Емануел Макрон.

Коментари оставени од демонстрантите под видеата на твитер профилите се особено јасни – Макрон го мразат многу Французи, сите демонстранти не ја сакаат неговата смрт (…) посакувањето на смртта на шефот на државата е често симболична, знак на тотално отфрлање”, пишува еден друг. Трет пак релативизира и вели дека тоа е само „вербално насилство”, додека, според него, „режимот на Макрон осакатува и ослепува”.

Во секој случај, извршната власт се чини дека е претпазлива. Во петокот, патот до Елисејската палата од Конкорд беше блокиран од бариери и беа распоредени бројни жандарми. Будноста, без сомнение, се зголеми уште од краткото евакуирање на Емануел Макрон од театарот „Буф ди Норд”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот