Смоква – најлековитото овошје на светот: Изобилство од витамини и минерали

Profimedia
Фото: Профимедиа

Смоквите се познати како рајско овошје од Медитеранот. Лековити делови од ова растение се плодот, млечниот сок, листот и кората од дрвото.

Сувата варијанта на плодот од смоквата се смета за супер храна која за среќа на сите нас ни е достапна во текот на целата календарска година. Сепак, потребно е да се знае дека, сувата смоква има помала нутритивна вредност во споредба со свежите смокви.

Нутриционистите велат дека смоквите најдобро е да се консумираат наутро, на празен желудник, затоа што покрај тоа што има поголема количина на витамини и минерали кои се потребни за одржување на здравјето на телото, смоквите се познати и како „поттикнувачи на енергијата“.

Го намалуваат шеќерот во крвта

Листовите од смоква го намалуваат шеќерот во крвта. Тие може да се користат во подготовка на разни јадења, но исто така може да се користат и во подготовката на чаеви. Досегашните истражувања покажаа дека смоквите помагаат во регулирање на шеќерот кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1.

Го подобруваат расположението

Смоквите содржат голема количина витамин Б-комплекс, кој му дава енергија на телото, ја прави кожата поеластична и ги зајакнува мускулите. Витаминот Б-комплекс ја подобрува работата на мозокот, а со тоа делува и на концентрацијата и меморијата и го подобрува целокупното расположение.

Го намалуваат крвниот притисок

Смоквите се одличен извор на калиум, кој помага во намалување и во регулирање на крвниот притисок. Калиумот ретко се наоѓа во храната, а е неопходен за нормално функционирање на организмот. Многу луѓе страдаат од недостаток на калиум заради зголемено внесување сол.

Изобилство од витамини и минерали

Глукозата и фруктозата претставуваат здрава замена за индустрискиот шеќер. Смоквите содржат многу железо, фосфор, калциум, калиум, магнезиум и витамини Б6, Е, Ц и А. Тие содржат големи колиини бета-каротен, па затоа се препорачува да јадете смокви и неколку дена пред сончање. Содржат голема количина на вода и природни шеќери, па затоа се корисни за опоравување од исцрпеност и за детоксикација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот