СМЕШНО ВИДЕО: Земјотресот, наместо младоженците, ја пресече тортата

Принтскрин

Земјотресите што ја потресоа Албанија изминатиот викенд, создадоа голема паника меѓу граѓаните. Но, тоа што ги тера да забораваат на вознемиреноста и паниката, се токму веселите видеа, снимени во моментите кога земјата се тресеше.

Едно такво видео пристигнало и во редакцијата на „JOQ Albanija“. „Инцидентот”, како последица на земјотресот, се случил на свадбата на еден пар, токму кога се очекуваше тие да ја пресечат тортата од 4 спрата.

Видеото го прикажува моментот кога келнерот ја доближува тортата до младоженците и тогаш се случува потресот и тортата паѓа.

Овој момент е проследен со смеа од страна на свадбарите.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот