СМЕШНО ВИДЕО | Куче и сопственичката се договараат да излезе од базен

Куче не сака да излезе од базен, фото: TikTok - принтскрин

Повеќе од 13 милиони луѓе видоа дека Дјук е во сериозна неволја. Куче по име Дјук долетало во базенот, што во тој момент не му било дозволено. На видеото кое ја воодушеви мрежата „ТикТок“, се гледа како куче се капе, а кога сопственичката ќе го праша зошто е во базенот, иако не смее, тој одбива да ја погледне во очи.

Нејзиното барање да излезе од водата е целосно игнорирано, а тој во еден момент ѝ дава до знаење дека сака таа да му ја фрли топката. Кога сопственичката ќе го одбие, тој ѝго врти грбот и продолжува да плива.

Научниците пред неколку години докажаа дека кучињата само се преправаат дека им е жал за нешто за да избегнат казна.

@kimberlyclark78 #dukehasapooladdition ♬ original sound – Kimberly Clark

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот