СМЕШНО, ИРОНИЧНО: „Најдобрата“ слика во историјата на фудбалот! (ФОТО)

twitter.com/c_nostalgico

Не само затоа што на неа се можеби и најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, Пеле и Мишел Платини, туку заради она што во тоа време пропагирале.

На дресот на Марадона пишуваше „БЕЗ ДРОГА“, а на дресот на Платини „НЕ НА КОРУПЦИЈАТА“. Најсилната слика во историјата на фудбалот! Без дилеми!

Оваа слика е направена пред 33 години. Да потсетиме, Марадона подоцна во текот на кариерата имаше големи проблеми со дрогата, а Платини во јуни оваа година, како поранешен претседател на УЕФА, беше уапсен поради злоупотреба на службената должност.

Марадона со аргентинската репрезентација беше светски шампион во 1986 година, а Платини со француската селекција европски шампион во 1984 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот