14 C
Скопје

Сменет третиот еквадорски министер за здравство во последните 40 дена

Еквадорскиот министер за здравство Мауро Фалкони поднесе оствка откако на оваа функција мина помалку од три недели, следејќи ги стапките на неговиот претходник, соопшти владата во Кито, пренесе ДПА.

– Нашите сениори заслужуваат најголема почит. Она што се случи денеска нема оправдување. Побарав оставка од министерот за здравство и тој ќе биде заменет со д-р Камило Салинас, напиша на Твитер претседателот Ленин Морено.

Локалните медиуми јавија за големите проблеми вчера и завчера со распределбата на вакцините во Кито, каде постарите граѓани чекаа по повеќе од осум часа во ред за да бидат имунизирани, пренесе ДПА.

Весникот „Ел Комерсио” објави дека имало и проблеми со координацијата на испораката на вакцините, соопштувајќи дека слични проблеми имало и во Гвајакил.

Прочитајте и...  Февруарска плата сѐ уште не добиле 9.947 работници, а мартовска – 54.662

Генералниот секретар на кабинетот, Хорхе Ватд Решуан, настаните во Кито на Твитер ги оцени за „неприфатливи”.

Фалкони е третиот министер за здравство што поднесува оставка во последните 40 дена.

Неговиот претходник, хирургот Родолфо Фарфан, оставката ја поднесе на 19 март иако на функцијата стапи на 1 март, а го замени Хуан Карлос Зевалос, кој поднесе оставка кон крајот на февруари, поради обвинувањата за фаворизирање на вакцините.

Салинас е шести министер за здравство во сегашната влада и петти од почетокот на пандемијата на коронавирусот, соопшти „Ел Универзо”.

Еквадор, латиноамериканска држава со околу 17 милиони жители, досега има регистрирано над 328.000 инфекции и речиси 12.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19, јави ДПА.

Поврзани вести

Украина тврди дека Русија наскоро ќе има повеќе од 120.000 војници на границата

Слободен печат

Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство

Слободен печат

Царовска: Родителот кој смета дека неговото дете нема да може да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот

Слободен печат

Спасовски: Со координирана акција и активна меѓународна соработка до справување со глобалните безбедносни ризици

Слободен печат

Џорџ В. Буш ја критикува Републиканската партија на САД

Слободен печат

Социјалдемократите го слават денот на канабисот и жалат за бавната легализација

Слободен печат

Остави Коментар