Сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“ Фремзим Даути

фото МИА

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје, поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон, информира Министерството за култура.

„По повеќемесечни инспекциски надзори спроведени од страна на Министерството за култура во 2021 година, утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на Законот за културата и Законот за библиотеките“, стои во писмениот допис од ова министерство.

Во соопштението се додава дека врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура Ирена Стефоска оцени дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје пред истекот на мандатот.

„До избор на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, назначен е в.д. директор од редот на вработените“, соопштија од министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот