СМЕА: Толчи кромид, стави на рамо и ќе бидеш „здрав како дрен“! (ФОТО)
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ неодамна го освои турнирот во Токио (Јапонија), а како што знаеме после УС Опен имаше проблеми со рамото.
Во тој период кога неговите фанови со големо внимание ја следеа неговата здравствена состојба, популарниот Ноле се огласи на социјалните мрежи.
Тој им се заблагодари на поддршката која ја добиваше поради повредата.
– Им благодарам на сите на големата поддршка и интересот за состојбата на моето рамо. Во процес сум на рехабилитација и се надевам дека ќе бидам подготвен за наредниот турнир во Токио. Секако вам ви пренесувам со новости. Ви благодарам уште еднаш – напиша Новак.
А потоа следуваше еден одговор на неговата објава кој што стана хит.
„Толчи кромид и стави на рамото, имаш да бидеш како нов…“.
Останува само прашање дали Ѓоковиќ го послуша советот и дали навистина кромидот му помогна да настапи во Токио и го освои натпреварувањето.