Смартфоните кои емитуваат најмногу и најмалку зрачење

фото: pixabay.com

За повеќето луѓе денес, нивниот паметен телефон им е во близина 24 часа на ден. Во џебот додека се на работа, во рака кога патуваат накај дома или покрај нивниот кревет додека спијат.

Ако се има предвид ова ниво на близина и употреба, многумина не можат сосема да се ослободат од нив, така што ризикуваат да си нанесат последици на долг рок. Иако сѐ уште е тешко да се постигнат убедливи сеопфатни истражувања на ефектите од радијацијата на мобилните телефони, графиконите на „Statista“ укажуваат на телефоните кои емитуваат најмногу и најмалку зрачење кога се држат до уво при реализација на повик.

Германската федерална служба за заштита од зрачење има детална база со податоци на смартфоните – нови и стари – и нивото на радијација што го емитуваат. Според критериумите на кои се основани и графиците, денешниот смартфон со највисоко ниво на радијација е „Mi A1“ на кинеската компанија „Xiaomi“. Уште еден кинески телефон е на второто место – „OnePlus 5T“.

Всушност, двете компании имаат силно присуство во рангирањето, при што 8 од првите 16 телефони имаат највисоко зрачење. Повеќето луксузни телефони на „Apple“, на пример „iPhone 7“ и новиот „iPhone 8“, се исто така тука, како и последните смартфони на „Google Pixel“.

Што се однесува до телефоните со најниско ниво на емитирана радијација, лидери тука се „Samsung Galaxy Note8“ и „ZTE Axon Elite“ – и двата со специфична брзина на апсорпција од 0,17 вати на килограм. Заедно со телефоните на „Nokia“, телефоните на „Samsung“ се меѓу оние со најмалку зрачење, а во рангирањето има вкупно пет на јужнокорејската компанија.

Иако нема универзално упатства за „безбедно“ ниво на радијација од телефоните, германскиот сертификат „Der Blaue Engel“ (Blue Angel) ги потврдува само смартфоните, чија специфична стапка на апсорпција е под 60 вати на килограм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот