Служеле гости без сертификат: Затворен угостителски објект во Гостивар

Сертификат за вакцинација
Сертификат за вакцинација против ковид-19 / Фото: МИА

Сопственик на угостителски објект во Гостивар е лишен од слобода, бидејќи при контрола биле затекната три лица без сертификат за вакцинација. Објектот е затворен од ДПИ.

Според информациите на СВР Тетово, вчеравечер во 21:35 часот, полициски службеници на одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле. Во неговиот угостителски објект на улица „Живко Брајковски” во Гостивар биле затекнати три гости без сертификат за вакцинација. Објектот во кој била извршена контролата од синоќа, времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Сопственикот С.Е., кој бил лишен од слобода ќе се соочи со пријава која се однесува на „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот