Налепници НМК /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Службеничка на МВР издавала регистерски таблички без наплата – предизвикала штета од над 400 илјади денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против М.П., вработена како овластено службено лице – референт во Одделението за управни работи Куманово, поради сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Според податоците, во периодот од 11 јануари до 19 декември 2024 година, М.П. без соодветна наплата или приложени уплатници, издавала платливи обрасци и регистарски таблици од магацинот на СВР Куманово. Таа примала барања и документи од странки за регистрација на возила, без да ја испочитува законски пропишаната процедура – не барала доказ за уплата ниту користела службениот ПОС-терминал за директно плаќање. Со ваквото несовесно постапување, таа на МВР му предизвикала материјална штета во износ од 417.500 денари“, информираат од МВР.

Против неа е поведена дисциплинска постапка, а како мерка е изречена суспензија од работното место до нејзиното завршување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот