Службени победи за Е. Пелистер и Металург во Лигата на Европа

фото: РК Еурофарм Пелистер

Македонските екипи кои учествуваат во Лигата на Европа, Еурофарм Пелистер и Металург, службено ги добија натпреварите со Рајн Некар Левен, односно Тулуз кои не се одиграа поради пандемијата на коронавирусот, одлучи ЕХФ.
И двете екипи победија со 10:0 бидејќи и Тулуз и Рајн Некар Левен не можат да дојдат во Македонија поради рестрикциите кои ги воведоа германската, односно француската влада.

Со службената победа, Е. Пелистер сега има 11. бода во пресрет на последното десетто коло и натпреварот во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен кој има бод повеќе.

Од друга страна, за Металург ова е првата победа сезонава во Лигата на Европа, откако додека имаше само едно реми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот