Слушнете ја изведбата на „Санта Лучиа“ од оперскиот пејач Благој Нацоски (ВИДЕО)

Состојбата во Италија се подобрува секој ден, вели за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ оперскиот пејач Благој Нацоски. Според него, бројките на заразени е во пад, а тоа е индикација дека ситуацијата полека се движи кон сигурно подобрување.

-Јас, најискрено, се уште не можам да се пожалам дека ми е тешко во изолација, си наоѓам начини да си го исполнам времето во текот на целиот ден. Во овој период го сменив ритамот на спиење, рано станувам и рано легнувам“, вели Благој.

„Што се однесува до денот, редовно ги набавувам сите намирници, вежбам дома, пејам, дозволено ми е да излезам со моето куче за да ги изврши своите физиолошки потреби. Се трудам постојано да бидам на позитивно ниво, не ми е јасно како успевам овие месец дена, но со позитивна мисла некако успевам. Не ми недостига уметничката инспирација. Напротив, технологијата ми помага да бидеме поврзани со колегите од целиот свет“.

Благој Нацоски ја изведе познататa Наполитанска песна, „Санта Лучиа“. Уживајте.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот