Слушајте го своето тело: Седум рани знаци дека нешто не е во ред со вашите бубрези

Profimedia
Фото: Профимедиа

Бубрезите се еден од клучните органи во нашето тело и често грижата за нивното здравје ја земаме здраво за готово. Сѐ додека не се појави сериозен проблем. Постојат некои секојдневни навики кои нам ни се чинат банални, но за здравјето на бубрезите се голем ризик. Така, доколку правите некоја од следните седум работи, треба да размислите и да ја смените навиката.

1. Не го празните мочниот меур навреме

Понекогаш се случува да мора да се воздржите и физиолошките потреби да ги направите подоцна, но тоа никако не смее да ви стане честа навика. Ако го правите секој ден престанете, бидејќи тоа им штети на бубрезите.

2. Не пиете доволно вода

Вашите бубрези, исто како и секој дел од телото, имаат потреба за вода. Недостатокот на вода може да доведе до намалување на протокот на крв во бубрезите и на тој начин ќе ги спречите да си ја вршат функцијата, исфрлање штетни материи преку урината.

3. Јадете премногу сол

Прекумерното солење на храната му штети на целото тело, не само на бубрезите. Сепак, токму поради тоа што во нив завршува најголемиот дел од солта што сте ја изеле, тие стануваат најизложени на ризик од оваа нездрава навика. Премногу сол во организмот повеќе ќе ги активира бубрезите, што понатаму пак, може да доведе до дехидратација и недостаток на вода во телото, која е неопходна за правилно функционирање на целиот организам.

4. Премногу протеини

Протеините се од суштинско значење за нашиот организам. Сепак, претерување со протеинска храна негативно ќе влијае на здравјето на бубрезите.

5. Премногу алкохол и цигари

Алкохолот и цигарите се штетни за здравјето на целиот организам. Може да доведат до слаб проток на крвта во бубрезите, што ќе го блокира ослободувањето од токсините преку урината.

6. Премногу кофеин

За да има позитивно влијание на здравјето, кафето треба да се ограничи до максимум три шолји дневно.

7. Не спиете доволно

Сонот е исклучително важен за здравјето и нередовното спиење нема да им овозможи одмор на бубрезите кој им е потребен за регенарација.

Бубрезите сакаат:

– Течности. Пијте најмалку 2 литри вода или незасладен чај секој ден.
– Топлина. Бубрезите се многу чувствителни на студ, па немојте да седите на студено или да ги изложувате подрачјето на бубрезите на провев и студ.
– Нормален крвен притисок. Редовно контролирајте го, бидејќи зголемениот крвен притисок може да предизвика оштетување на бубрезите.
– Нормален шеќер во крвта. Проверете го својот ризик од шеќерна болест, а ако сте дијебетичар, лекувајте се и регулирајте го шеќерот. Нерегулираниот шеќер може да ги уништи бубрезите и да предизвика потреба за дијализа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот